• среда, 08 април 2026

СБ на ОН ја отфрли резолуцијата на Бахреин за заштита на комерцијалниот бродски сообраќај низ Ормуска Теснина

СБ на ОН ја отфрли резолуцијата на Бахреин за заштита на комерцијалниот бродски сообраќај низ Ормуска Теснина

Њујорк, 7 април 2026 (МИА) – Советот за безбедност на Обединети нации денеска ја отфрли резолуцијата на Бахреин за заштита на комерцијалниот превоз низ Ормуска Теснина откако Кина и Русија го искористија своето право на вето.

Бахреин поднесе нацрт-резолуцијата, со која се бараше една држава или коалиција од држави да бидат овластени „со сите потребни средства“ да обезбедат слободна пловидба низ Ормуска Теснина, и се повикуваа засегнатите земји да ги координираат своите мерки за заштита за да придонесат за поморската безбедност. Со документот, исто така, се бараше Иран да ги запре нападите врз комерцијалните бродови.

Ормуска Теснина, кој е клучна за глобалната трговија со нафта и природен гас, речиси целосно е затворена од почетокот на војната на Блискиот Исток, што почна на 28 февруари со американско-израелските напади врз Иран. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан