• четврток, 19 декември 2024

Сафади: Јордан нема да стане бојно поле за никого

Сафади: Јордан нема да стане бојно поле за никого

Аман, 11 август 2024 (МИА) - Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал-Сафади рече дека кралството нема да биде бојно поле за ниту една земја.

„Актуелниот конфликт во регионот практично претставува размена на одмазднички удари меѓу Израел и Иран“, рече Сафади во интервју за телевизијата „Ал Арабија“.

Тој уште еднаш јасно стави до знаење дека Јордан нема да дозволи да се наруши нејзиниот воздушен простор. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан