Саудискиот принц стравува дека ќе биде убиен затоа што се залагал за нормализација на односите со Израел
- Саудискиот принц Мохамед бин Салман им порача на американските конгресмени кои дојдоа да го посетат дека си го ризикува животот залагајќи се за договор за нормализација на односите со Израел, пишува денеска Политико.
Ријад, 15 август 2024 (МИА) - Саудискиот принц Мохамед бин Салман им порача на американските конгресмени кои дојдоа да го посетат дека си го ризикува животот залагајќи се за договор за нормализација на односите со Израел, пишува денеска Политико.
Лидерот на Саудиска Арабија разговараше за заканите со кои се соочува за да објасни зошто мора да се погрижи секој договор да вклучува јасен и неповратен пат кон идната палестинска држава, објави Политико, цитирајќи поранешен американски функционер запознаен со разговорите.
На една таква средба Бин Салман се осврна на случајот со египетскиот лидер Анвар Садат, кој беше ликвидиран од египетските фундаменталисти во 1981 година, по склучувањето на мировниот договор со Израел.
Тајмс оф Израел, пишува дека не се знае точно кога се воделе разговорите во кои саудискиот лидер споменал можност да биде убиен, со оглед на тоа што временската рамка за постигнување израелско-саудиски договор за нормализација на меѓусебните односи е речиси целосно затворена во последните месеци, велат извори во американскиот Конгрес.
Тие извори изјавија за „Тајмс оф Израел“ дека секоја шанса за постигнување договор е згаснат во јуни, со оглед на тековната војна во Газа и се помалиот временски период во календарот на Сенатот да закаже ратификација на американско-саудиската компонента на договорот, пред ноемвриските претседателски избори во САД.
-Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неколку наврати ја отфрли можноста да се согласи за формирање на идна палестинска држава, така што секој сличен договор е тешко да се постигне, оценува Тајмс оф Израел. мс/
фото: МИА архива