• четврток, 19 март 2026

Саудиска Арабија соопшти дека дрон погодил рафинерија на Црвеното Море

Саудиска Арабија соопшти дека дрон погодил рафинерија на Црвеното Море

Ријад, 1 март 2026 (МИА) - Саудиска Арабија соопшти дека дрон ја погодил државната рафинерија САМРЕФ (SAMREF) во пристанишниот град Јанбу на Црвеното Море.

Саудиското Министерство за одбрана наведе дека во тек е процена на штетата, без да открие дополнителни детали.

Нападот доаѓа откога дронови погодија две нафтени рафинерии во Кувајт.

Во текот на ноќта иранските напади ги погодија и капацитетите за природен гас во Катар и Обединетите Арапски Емирати, што предизвика нагол скок на глобалните цени.

Иран се одмаздува поради вчерашниот израелски напад врз неговото гасно поле „ужен Парс (South Pars) во Персискиот Залив, кое го дели со Катар, пренесе „Тајмс оф Израел“. јт/

Фото: Х

Остани поврзан