Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори вредни околу 27 милијарди долари
- Договорите се меѓу компании од приватниот сектор во неколку области, вклучувајќи чиста енергија и индустријата за рафинирање на нафта.
Ријад, 3 јули 2025 (МИА) - Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори и меморандуми за разбирање вредни околу 27 милијарди долари, објавија саудиските медиуми. Договорите се меѓу компании од приватниот сектор во неколку области, вклучувајќи чиста енергија и индустријата за рафинирање на нафта.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто вчера пристигна во посета на кралството и се сретна со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Двете земји, исто така, се согласија да ја зајакнат соработката во снабдувањето со сурова нафта и нејзините деривати, да го подобрат снабдувањето со енергија и да соработуваат повеќе во природните ресурси воопшто.
Трговскиот промет меѓу Саудиска Арабија и Индонезија во последните пет години изнесуваше околу 31,5 милијарди долари. мс/
фото: ЕПА