• сабота, 31 август 2024

Сасуоло одби 30 милиони за Локатели да оди на позајмица во Јувентус

Сасуоло одби 30 милиони за Локатели да оди на позајмица во Јувентус
Рим, 17 јули 2021 (МИА) – Раководството на Јувентус испрати понуда до Сасуоло за играчот за врска Мануел Локатели. Понудата за закуп со обврска да биде откупен договорот за 30 милиони евра е одбиена, тврди инсајдерот Фабрицио Романо. Преговорите ќе продолжат. Сасуоло бара 40 милиони евра, бидејќи тие знаат дека Арсенал е подготвен да ја плати оваа сума како обештетување за играчот. Минатата сезона Локатели одигра 34 натпревари во Серија А и постигна четири гола. Фудбалерот беше дел од италијанската репрезентација која неодамна го освои ЕВРО 2020. зс/

Остани поврзан