• понеделник, 23 декември 2024

„Саса“ донираше дигитален ренген апарат на Здравстената станица во Македонска Каменица

„Саса“ донираше дигитален ренген апарат на Здравстената станица во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 23 август 2024 (МИА) - Здравственото одделение во  Македонска Каменица доби систем за дигитална радиографија, донација  од Рудник „Саса“. 

Билјана Георгиевска, директорка на Здравствен дом ,„Гоце Делчев" од Делчево кој раководи со здравствената станица во Македонска Каменица, информираше дека инвестицијата е вредна околу пет милиони денари.

- Голема благодарност до рудник „Саса“ кои во повеќе наврати покажаа дека се грижат за унапредување на здравјето на локалното население. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму.  Документацијата за апаратот е веќе подготвена и се надеваме дека многу скоро ќе биде пуштен во употреба, рече Георгиевска.

Според градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски, опремата ќе биде од големо значење за пациентите од поширокиот регион.

-Се надевам дека опремата ќе биде од голема корист за вработените. Претходно како Општина оебзедивме ново возило како и друга опрема. Се надеваме во иднина да ја уредиме и самата зграда со цел успешно функционирање на нашите вработени, рече Атанасовски.

Генералниот директор на Рудник Саса Крис Колбурн истакна дека „Саса" ќе продолжи да го подржува развојот на здравството во регионот на  Македонска Каменица.

- Како што знаеме градоначалникот и Советот исто се заложуваат и прават она што е добро овде за луѓето. Се надеваме дека со пуштањето на оваа рентген машина ќе биде понавремено здравството во Македонска Каменица и соседните места, затоа што ќе имаме побрза дијагностика да не одиме во Кочани и Штип, рече Колбурн.

Најави продолжување на соработката со Општината во интерес на подобар живот на сите чинители од локалната заедница. вс/лв/


Фото: МИА

 

Остани поврзан