• вторник, 24 декември 2024

Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

Сарафимов: Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

Штип, 6 септември 2023 (МИА) - Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов.

Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна србија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.

-Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов.

Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото.

Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи. вдј/сан/

Фото: МИА
 
 

 
 

Остани поврзан