Сарамандов: Гевгелија покажа дека сака промени, излезете и гласајте масовно во вториот круг
- Благодарност до гевгеличани и до сите кои го дадоа својот глас за него изрази во своето обраќање по првиот круг од Локалните избори, Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на општина Гев
![Сарамандов: Гевгелија покажа дека сака промени, излезете и гласајте масовно во вториот круг](https://mia.mk/index.php/images/20221108204626_big_730x400_77.webp )
Гевгелија, 20 октомври 2021 (МИА) - Благодарност до гевгеличани и до сите кои го дадоа својот глас за него изрази во своето обраќање по првиот круг од Локалните избори, Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
- Вие сте светлината која ќе ја разбие темнината. Благодарност на сите кои гласаа и на тие кои не гласаа. Се надевам на нивниот глас во вториот круг. Победивме и покажавме дека Гевгелија сака промени, рече Сарамандов и ги повика гевгеличани масовно да излезат на гласање во вториот круг.
Заради заокружување на процесот повика на излезност од граѓаните. Ги повика да изберат промени, а потоа со многу работа, како што нагласи, да ја направиме општина Гевгелија поубаво место за живеење.
- Гарантирам многу работа, посветеност, отчетност и реализирани проекти, вети Сарамандов. им/мс/