Санчо сигурно го напушта Манчестер Јунајтед
- Англискиот крилен напаѓач Џејдон Санчо во новата сезона сигурно ќе има нов клуб и ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер, 1.август 2025 (МИА) - Англискиот крилен напаѓач Џејдон Санчо во новата сезона сигурно ќе има нов клуб и ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Претходната сезона Санчо беше на позајмица во Челзи.
Каде ќе настапува Санчо во многу ќе зависи и од неговиот нов клуб, но и од него. Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим не смета на Санчо, а воедно и Манчестер Јунајтед сака да го продаде и да заработи нешто бидејќи следната сезона договорот му истекува. Според британските медиуми Јувентус ја прифатил понудата на премиерлигашот, но проблем може да биде платата на Санчо од 16 милиони евра.
Германските медиуми пренесуваат дека Санчо сака да се врати во Борусија Дортмунд каде играше во најдобра форма пред неколку години и за евентуален трансфер во Дортмунд би се согласил и за помала плата. мн/
Фото: ЕПА