• недела, 06 октомври 2024

Санчез: Шпанија ќе започне со програма за вакцинација против коронавирусот во јануари

Санчез: Шпанија ќе започне со програма за вакцинација против коронавирусот во јануари
Мадрид, 22 ноември 2020 (МИА) - Шпанија ќе започне со сеопфатна програма за вакцинација против коронавирусот во јануари, најави денеска премиерот Педро Санчез. Тој рече дека Шпанија и Германија се првите земји на Европската унија што подготвиле целосен план за вакцинација. - Кампањата ќе започне во јануари и ќе има 13.000 точки за вакцинација, рече Санчез на прес-конференција по самитот на лидерите на Г-20. Тој додаде дека Шпанија ќе ангажира повеќе здравствени работници за зајакнување на нејзиниот здравствен систем. - Ни претстојат неколку тешки месеци, но планот е направен, рече Санцез. паг/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан