• сабота, 23 ноември 2024

Санчез: Европа мора да се подготви за најлошото сценарио

Санчез: Европа мора да се подготви за најлошото сценарио
Мадрид, 6 септември 2022 (МИА) - Европа мора да се подготви за најлошото сценарио - целосен прекин на испораката на руски гас оваа зима, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез. Тој истакна дека никој не знае што ќе се случи, па ни Владимир Путин. „Ниту рускиот претседател веројатно не знае какви чекори ќе преземе, но најверојатно е целосно исклучување на рускиот гас во Европа, рече премиерот, говорејќи во шпанскиот парламент. Санчез додаде и дека Владата ќе ја ограничи цената на гасот за индустријата. ссм/

Остани поврзан