• недела, 25 август 2024

Санто прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата за август

Санто прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата за август
Лондон, 10 септември 2021 (МИА) - Тренерот на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто е прогласен за најдобар тренер во Англија во август. Минатиот месец, Спарс, предводени од 47-годишен португалски специјалист, забележа три победи во Премиер лигата. Тимот ги победи Манчестер сити, Вулверхемптон и Ватфорд со ист резултат - 1:0. Тотенхем е лидер во Премиер лигата со максимални девет бода на три натпревари, и е единствениот тим што победи на сите три натпревари на почетокот на сезоната 2021/22. Покрај Нуно Еспирито Санта, за наградата Тренер на месецот беа номинирани Рафаел Бенитез (Евертон), Дејвид Мојс (Вест Хем) и Томас Тухел (Челзи). зс/

Остани поврзан