Санкционирани 83 возачи поради брзо возење на автопатот Куманово - Скопје - Велес
- Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзи
Скопје, 29 јануари 2022 (МИА) - Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 83 возачи, соопшти МВР.
Од нив, како што се посочува, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. рп/