Санкционирани 751 мотоциклист, одземени 28 мотоцикли
- Вкупно 751 возач на мотоцикл се санкционирани во засилената акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи во периодот од 27 јуни до 3 јули годинава на територијата на це

Скопје, 4 јули 2022 (МИА) – Вкупно 751 возач на мотоцикл се санкционирани во засилената акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи во периодот од 27 јуни до 3 јули годинава на територијата на целата држава.
Од нив, како што информира МВР, 488 не користеле заштитна кацига за време на возење, 133 возеле без возачка дозвола, а 28 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. Санкционирани се и други прекршоци.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.вј/лв/