• недела, 01 септември 2024

Санкционирани 73 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Санкционирани 73 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Скопје, 9 август 2023 (МИА) – На територија на СВР Битола во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 73 возачи за брзо возење.

- Од нив, 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Оттаму, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. ир/цр

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан