Санкционирани 71 возач поради недавање предност на пешаци
- Во акциска контрола на полицијата денеска во Скопје санкционирани се 71 возач поради недавање предност на минување на пешаци. Акцијата, како што вечерва соопшти Министерството за внатрешни р

Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Во акциска контрола на полицијата денеска во Скопје санкционирани се 71 возач поради недавање предност на минување на пешаци.
Акцијата, како што вечерва соопшти Министерството за внатрешни работи, е спроведена во периодот од 15 до 20 часот.
- На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, велат од МВР.
Од МВР апелираат и до возачите и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. бак/аа/
Од МВР апелираат и до возачите и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. бак/аа/