• вторник, 24 декември 2024

Санкционирани 67 возачи поради брзо возење на територијата на СВР Скопје

Санкционирани 67 возачи поради брзо возење на територијата на СВР Скопје
Скопје, 13 мај 2021 (МИА) - На подрачјето на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 67 возачи. Од нив, 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 17 надвор населено место, соопшти Министерството за внатрешни работи. На сите прекршители, како што се посочува, изготвени им се соодветни поднесоци, -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР. рп/вг/

Остани поврзан