• среда, 20 ноември 2024

Санкционирани 65 возачи на територијата на СВР Битола

Санкционирани 65 возачи на територијата на СВР Битола

Скопје, 25 февруари 2023 (МИА) -Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, при што санкционираа 65 возачи. Единаесет од нив се санкционирани поради возење без возачка дозвола.

Исто така, како што информираат од МВР, поднесени се осум барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, санкционирани се возачи на шест моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и тројца возачи кои вршат јавен превоз на патници.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението на МВР.бт/ир

Остани поврзан