• среда, 25 декември 2024

Санкционирани 33 технички неисправни возила

Санкционирани 33 технички неисправни возила
Скопје, 16 септември 2022(МИА)- Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, во периодот од 08.00 до 12.00 часот, во спроведена акциска контрола на возила и возачи на територијата на државата, биле санкционирани 33 технички неисправни возила.
-Во акцијата 133 возила биле упатени на технички преглед и кај 33 биле констатирани вкупно 48 технички неисправности (20 неисправни уреди за сопирање, шест со измината важност на сообраќајна дозвола, четири неисправни светлосни уреди, осум неисправни составни делови и друго), известуваат од  МВР.Исто така, кај 46 возачи биле констатирани прекршоци (29 - бесправно управување на возило, 13 - неносење возачка дозвола, два – управување возило со впишана забрана за управување возило, еден – управување возило по дејство на алкохол и еден – возач почетник кој не се придржувал на законските ограничувања.
-Преземени се мерки и против 60 непрописно паркирани возила, а откриени биле и 160 останати прекршоци. За сите констатирани прекршоци изречени се соодветни санкции, велат од полицијата.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбедни сообраќајници, апелираат од Министерството.ир/лв/

Остани поврзан