• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 280 возачи за брзо возење

Санкционирани 280 возачи за брзо возење

Скопје, 4 август 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 280 возачи.

Од нив, како што соопшти денеска МВР, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 168 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и  апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата. љм/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан