• четврток, 26 декември 2024

Санкционирани 11 пијани возачи на територија на СВР Тетово    

Санкционирани 11 пијани возачи на територија на СВР Тетово    

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Вкупно 11 возачи што управувале возило под дејство на алкохол се откриени и санкционирани во акциската контрола што вчеравечер и ноќеска од 23:00 до 5:00 часот е спроведена на подрачјето на СВР Тетово. Од нив шест се откриени во Тетово, а пет во Гостивар.

Тие, како што информира МВР, веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи. Во контролата со соодветни поднесоци биле заокружени и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-4).

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да не консумираат алкохол доколку управуваат возила, затоа што така ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.вј/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан