• понеделник, 23 декември 2024

Сане сака да потпише петгодишен договор со Баерн или друг клуб, Ливерпул е заинтересиран за него

Сане сака да потпише петгодишен договор со Баерн или друг клуб, Ливерпул е заинтересиран за него

Минхен, 1 ноември 2023 (МИА) – Лерој Сане има намера во иднина да потпише долгорочен договор. Актуелниот договор на крилниот напаѓач со Баерн е до 2025 година. Според „Sport1“, фудбалерот моментално е фокусиран на играта и може да донесе одлука за својата иднина претстојното лето. Тоа најверојатно ќе се случи по завршувањето на Европското првенство. 

Се истакнува дека Германецот сака да потпише 5-годишен договор со Баерн или друг клуб. Притоа, Сане нема да бара значително зголемување на платата - моментално заработува околу 19 милиони евра годишно, а границата која ја постави минхенскиот клуб е 25 милиони. 

Се уште нема преговори меѓу играчот и Баерн, но Сане се чувствува удобно во тимот. Доколку тоа не се промени во иднина, веројатноста за продолжување на договорот ќе биде доста голема. 

Претходно беше објавено дека Ливерпул покажува интерес за 27-годишниот фудбалер - Британците може да се обидат да го ангажираат доколку од клубот замине Мохамед Салах. 

Во тековната сезона во Бундеслигата, Сане одигра девет натпревари, на кои постигна осум гола и две асистенции. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан