Сане на списокот повредени во Баерн
- Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане, извесен период ќе отсуствува од терените поради повреда, соопшти денеска актуелниот германски првак.

Минхен, 17 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане, извесен период ќе отсуствува од терените поради повреда, соопшти денеска актуелниот германски првак.
-Лекарските прегледи покажаа дека Сане го скинал левиот бутен мускул за време на вчерашната победа над Фрајбург (5-0), се наведува во клупското соопштение.
Баерн не прецизираше колку долго ќе трае рехабилитацијата на Сане.
Германскиот репрезентативец одигра 76 минути против Фрајбург и постигна еден гол.
Сане (26) сезонава настапи на 16 натпревари за Баерн во сите конкуренции и постигна 10 голови. ег/паг/