Сандра Булок и Ченинг Тејтум во нова трилер-романса
- Заплетот доаѓа при киднапирањето и двајцата се здружуваат за да се спасат. Па, се појавуваат и чувства, што дополнително ја усложнува целата приказна...
Лос Анџелес, 29 декември 2020 (МИА) - Холивудскиот глумец Ченинг Тејтум е во завршни преговори за улога во филмот „Изгубениот град Д“ (The Lost City of D), во којшто ќе се појави и Сандра Булок.
Филмот ќе се снима под режисерската палка на Адам и Арон Ни, а во продукција на „Парамаунт пикчрс“.
Според првите информации, Тејтум и Булок треба да глумат колеги кои заедно ја промовираат нејзината книга. Заплетот доаѓа при киднапирањето и двајцата се здружуваат за да се спасат. Па, се појавуваат и чувства, што дополнително ја усложнува целата приказна...
Идејата за овој филм е на Сет Гордон, а сценариото го напиша Орен Узиел. си/