• недела, 28 јули 2024

Санација и замена на оштетен семафорски портален столб во Автокоманда, сообраќајот пренасочен по улица „808“

Санација и замена на оштетен семафорски портален столб во Автокоманда, сообраќајот пренасочен по улица „808“
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - На крстосницата на булевар „Александар Македонски“ со улица 16 Македонска бригада“ денеска ќе се врши санација и замена на оштетен семафорски портален столб и на оштетената инсталација и во следните неколку часа ќе биде отежнато движењето на возилата. Сообраќајот ќе се одвива во една лента и ќе е пренасочен на улица „808“.
Како што информира ЈП „Улици и патишта“ - Скопје, оштетувањето е настанато од сообраќајка што се случила во текот на вечерта. мд/лв/

Остани поврзан