• сабота, 31 август 2024

Само тројца играчи му дале гол на Атлетико со Симеоне во плејофот од ЛШ на гостински терен

Само тројца играчи му дале гол на Атлетико со Симеоне во плејофот од ЛШ на гостински терен
Мадрид, 24 февруари 2021 (МИА) – Челзи синоќа во Букурешт како гостин го победи Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Единствениот гол го постигна Оливие Жиру со т.н. ножички удар. Во историјата на елитното фудбалско натпреварување ова беше прв пораз на Атлетико како домаќин со Диего Симеоне на тренерското место. Покрај Жиру, голови на шпанскиот клуб како гости му имаат дадено само уште двајца фудбалери. Тоа се Иско во 2017 година и Кака во 2014 година. зс/

Остани поврзан