Само Баерн и Гранада имаат по осум победи на почетокот на сезоната во најдобрите 5 лиги во Европа
- Гранада го победи Хетафе со 1:0 вечерва на гостински терен во дуел од 7. коло од Ла Лига и се искачи на 2. место на табелата.

Хетафе, 25 октомври 2020 (МИА) - Гранада го победи Хетафе со 1:0 вечерва на гостински терен во дуел од 7. коло од Ла Лига и се искачи на 2. место на табелата.
Клубот од Гранада освои 13 бодови на 6 натпревари и го бележи нивниот најдобар почеток во 25 сезони во највисоката шпанска фудбалска дивизија.
Покрај тоа, Гранада има победено осум натпревари на сите турнири оваа сезона (четири во Ла Лига и четири во Лига Европа.
Само Баерн има ист број на победи од сите екипи во ТОП 5 европските фудбалски првенства. зс/