• четврток, 07 ноември 2024

Самоуправувачки робот за уништување инсекти-штетници

Самоуправувачки робот за уништување инсекти-штетници

Лос Анџелес, 12 јуни 2023 (МИА) - Студенти од Универзитетот „Карнеги Мелон“, т.е. Институтот за роботика, развија самоуправувачки робот со назив „Тартанпест“ (TartanPest). Машината може, на пр., да уништува инсекти-штетници заради заштита на земјоделските производи.

Роботот се состои од електрично возило, роботска рака и компјутерски поглед, благодарение на коишто може да се движи низ поле и шума, да открие и уништува јајца, конкретно - од тн. пегави светулки, со помош на ротирачка четка поставена на неговите раце. Четката се врти за да ги разнесе јајцата. Гнездата на овие инсекти-штетници може да содржат 30 до 50 јајца и најчесто се наоѓаат на дрвја, карпи, дворски мебел или на 'рѓосани метални површини. Ако тоа не се запре навреме, тие секоја година се размножуваат.

- Со вложување во решението на овој проблем, ќе ги спречиме високите трошоци во иднина, вели истражувачката Каролин Алекс од тимот на „Тартанпест“.

Самоуправувачката машина користи роботска рака поставена во основата на возилото, инаку произведено од робоичката компанија „Фарм-нг“ од Калифорнија. Роботот користи и длабоко учење и збир на податоци за вештачка интелигенција создаден со помош на 700 фотографии од јајцата на споменатите инсекти за да ги идентификува и уништи. Тоа ќе може да помогне и во намалувањето на хемиската контаминација на посевите, поголеми берби и намалување на трошоците за работна сила.  си/

Остани поврзан