• вторник, 17 декември 2024

Самоубиствен напад во Кабул, најмалку 18 загинати и над 50 ранети

Самоубиствен напад во Кабул, најмалку 18 загинати и над 50 ранети
Кабул, 24 октомври 2020 (МИА) - Најмалку 18 лица загинаа, а 57 се повредени денеска во Кабул, во самоубиствен бомбашки напад, соопштија авганистанските власти. Меѓу загинатите и ранетите има и деца во експлозијата пред образовен центар, соопшти полицијата. Напаѓачот се обидел да влезе во едукативен центар во шиитска населба на запад во Кабул кога обезбедувањето го запрело, додава полицијата. Властите велат дека бројот на жртвите може да биде поголем. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Талибанските бунтовници отфрлија каква било поврзаност со нападот. Огранок на екстремистичката група ИД ја презеде одговорноста за сличен напад врз образовниот центар во август 2018 година. Тогаш беа убиени 34 ученици. зш/

Остани поврзан