• недела, 21 јули 2024

Самостојна изложба на Забедин Мемиши во Уметничката галерија во Тетово

Самостојна изложба на Забедин Мемиши во Уметничката галерија во Тетово
Тетово, 8 јуни 2022 (МИА) - Во Уметничката галерија во Тетово вечерва  беше отворена самостојна изложба на Забедин Мемиши, насловена „Во облаци“, на која авторот се претставува со триесетината уметнички слики.
-Сликите на Забедин Мемиши се полни со дух, полни со имагинација од небесниот свет, се во целосна согласност со воздигнувањето на соништата и медитацијата, истражуваат фрагменти од облаци, зборуваат за надежта за овој дар на боговите што нè тера да мислиме дека утре ќе биде сончево, истакна на отворањето на изложбата директорот на Галеријата, Илир Куртиши.
Изложбата ќе може да се посети во наредните седум дена. Забедин Мемиши е академски сликар, дипломирал на Универзитетот во Тетово во 2009 година. ас/хс/

Остани поврзан