Самостојна изложба на Жарко Башески во МАНУ
- Самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, вечер ќе биде отворена во Македонската академија на науките и уметностите.
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, вечер ќе биде отворена во Македонската академија на науките и уметностите.
Во рамки на изложбата ќе бидат изложени скулптури од неколку циклуси. Публиката ќе има можност да погледне постари дела кои претходно не биле изложувани во земјава, вклучително скулптури изложувани во Њујорк, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Мексико, како и сосема нови дела чиешто премиерно изложување ќе биде токму во МАНУ.
Изложбата ќе вброи скулптури изработени во мермер, полиестер и силикон.
Како куратор зад изложбата се потпишува Натали Рајчиновска Павлеска. Изложбата ќе биде отворена со текст на академик Венко Андоновски. мд/вг/