• четврток, 26 декември 2024

Самостојната изложба „Интимно Понирање“ во Куќата на Робевци

Самостојната изложба „Интимно Понирање“ во Куќата на Робевци
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Во галеријата во Куќата на Робевци во Охрид, денеска од 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Интимно Понирање“ од авторот Трајче Чатмов. На изложбата ќе бидат изложени дваесетина дела работени во последната година во техника акрил на платно. Сранува збор за слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот „Интимно Понирање“, како и слики со нова колористична гама. ар/сп/

Остани поврзан