• понеделник, 16 декември 2024

Самит во Вашингтон, Линдита Никола: Албанија до НАТО и САД во борбата против тероризмот

Самит во Вашингтон, Линдита Никола: Албанија до НАТО и САД во борбата против тероризмот

Тирана, 9 јули 2024 (МИА) – Претседателката на албанскиот парламент, Линдита Никола, говорејќи на Самитот на претседатели на парламенти на земјите членки на НАТО, што се одржа во Вашингтон, по повод 75-годишнината од основањето на Алијансата, рече дека Албанија дала искрен придонес за мирот, безбедност и слобода, јави Топ чанел.

-Албанија како нова земја членка во НАТО е значаен пример кој докажува дека придонесот во Алијансата не зависи од големината на земјите членки, ниту од богатството, нивото на развој, историја и долговечност во организацијата, туку од искрената посветеност на мирот, безбедноста и слободата, рекла таа.

Ние, Албанците, додала таа, ја добивме довербата на САД и другите членки на НАТО со нашата стабилна и решителна посветеност за спроведување на одлуките на Алијансата.

Според неа, „уште еден доказ за довербата на Алијансата во Албанија е фактот што пред неколку месеци, на 4 март, во земјата започна со работа нова тактичка воздухопловна база на НАТО“.

Според беа Собранието на Албанија било меѓу првите парламенти на земјите членки на Алијансата што ги ратификувало протоколите за членство на новите членки.

Тоа го направивме, нагласила, водени од визијата дека „новата членка е поголем придонесувач за мирот, безбедноста и демократијата, кои меѓусебно се поддржуваат“.

-Вложувањето во мирот и безбедноста ги промовира демократските процеси, институциите и вредностите. Ние, од Западен Балкан, тоа повеќе го чувствуваме. Оваа е уште позначајно кога се видливи заканите од војна, по руската агресија врз Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, продолжила Никола.

Посочила дека Албанија се приклучила и ги поддржала, најдобро што можела „јасните и брзи акции на НАТО за поддршка на Украина, акции кои ја покажале силата и сплотеноста на Алијансата“.

-Во светите книги пишува „Кој спасува живот, спасил цел свет“. Албанија е покрај НАТО и нашите главни сојузници, САД и ЕУ, убедени дека борбата против тероризмот, нивните бази, нивните поддржувачи и насилниот екстремизам е борба за живот, заклучила Никола. вт/

Фото: принтскрин

Остани поврзан