• петок, 05 декември 2025

Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел во четврток преку видео врска

Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел во четврток преку видео врска
Брисел, 21 март 2021 (МИА) - Наместо закажаниот физички самит на лидерите на ЕУ во четврток и петок во Брисел, поради големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус, ќе се одржи видео конференција, изјави денеска портпаролот на Европскиот совет, Баренд Лејтс. - Претседателот на Европскиот совет одлучи да го одржи самитот во март со видео врска, по големото зголемување на бројот на заразени лица во земјите-членки, рече Лејтс, портпарол на Шарл Мишел. Агендата на редовниот пролетен самит на ЕУ, на 25 и 26 март, што досега беше планиран како физички состанок, вклучува неколку теми: епидемиолошката состојба и координација на борбата против Ковид-19, производство и дистрибуција на вакцини, односите со Русија, ситуацијата на источен Медитеран, единствен пазар, индустриска политика, дигитална трансформација и меѓународна улога на еврото. паг/
 

Остани поврзан