• сабота, 23 ноември 2024

Саливан: САД ги отфрлаат руските планови за „лажни“ референдуми во Украина

Саливан: САД ги отфрлаат руските планови за „лажни“ референдуми во Украина
Вашингтон, 20 септември 2022 (МИА) - Брзо планираните референдуми во териториите на Украина окупирани од Русија се напад на принциите на суверенитет и територијален интегритет кои се основа на меѓународниот систем и лежат во срцето на Повелбата на ОН, соопшти денеска од Белата куќа. - Во контекст на воените победи на украинската војска уште на почетокот на руската инвазија и во изминатиот перод, изгледа дека претседателот Путин презема два чекора. Како што предупредувавме се месеци, Русија најверојатно ќе одржи лажни референдуми во области на Украина кои се под нејзина контрола, но и во области кои не се. Како и тоа дека се подготвува за потенцијална мобилизација, изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа. Тој додаде дека „САД знаат дека овие референдуми ќе бидат манипулација и дека Русија ќе ги употреби за наводна анексија на овие територии, сега или во иднина“. - Ако ова се случи, САД нема да ги признаат овие територии кои се составен дел на Украина и затоа едногласно ги отфрламе руските акции, изјави Саливан. Според САД, прибегнувањето на Путин кон општа или делумна мобилизација укажува на тоа дека Русија се сочува со тешкотии во Украина како недостиг на воена сила. - Присилувањето повеќе Руси да се борат во неговата брутална војна во Украина делумно е поради тоа што тие имаат потреба од повеќе војници, со оглед на успехот што Украина го постигна на военото поле, посебно во североистокот но и во други места, рече Саливан. Тој додаде дека „ова се случува кога Русија губи на военото поле, очајно бара војници за да ги фрли на биштето, но и кога се повеќе светски лидери се дистанцираат од Русија“. - Ова не се акции на силна земја, и САД и сојузниците стајт зад своите напори за транспарентност во однос на Рисија и стојат силно зад Украина и украинскот народ, порача тој. кб/ми/

Остани поврзан