• сабота, 23 ноември 2024

Саливан: Рускиот мировен предлог за Украина е целосно апсурдна визија

Саливан: Рускиот мировен предлог за Украина е целосно апсурдна визија

Бургеншток, 15 јуни 2024 (МИА) - Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, денеска изјави дека најновиот мировен предлог на Русија за Украина води „до натамошна доминација на таа земја“ и дека тоа е „целосно апсурдна визија“.

Тој, исто така, им рече на новинарите дека отсуството на Кина на мировниот самит во Украина веројатно е резултат „на повикот на Русија да не присуствува“, објавија британските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони за да започнат мировните преговори.

На средбата со раководството на Министерството за надворешни работи, Путин рече дека друг услов за преговори мора да биде изјавата на Киев дека се откажува од намерата да влезе во НАТО. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан