• среда, 25 декември 2024

Саливан: Бајден и Си наскоро ќе остварат телефонски разговор

Саливан: Бајден и Си наскоро ќе остварат телефонски разговор

Вашингтон, 14 март 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден во наредниот период ќе разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

-Не можам да ви дадам датум. Бидејќи датумот не е одреден, но претседателот Бајден изрази подготвеност да има телефонски разговор со претседателот Си, рече Саливан по завршувањето на годишната парламентарна сесија во Кина.

Во последните неколку месеци врските меѓу Кина и САД беа дополнително тестирани, особено по соборувањето на наводниот кинески шпионски балон во воздушниот простор на САД, заедно со тензиите околу Тајван. Администрацијата на Бајден ја гледа Кина како најголем геополитички предизвик. Вашингтон, исто така, предупреди дека Кина може да и испорача на Русија оружје што потенцијално би можело да се користи во Украина.

-Сè што можам да ви кажам е дека сè уште не сме виделе трансфер на смртоносно оружје од Кина во Русија за употреба на бојното поле во Украина, но тоа е нешто за што сме претпазливи и продолжуваме внимателно да го следиме, рече Саливан. сд/

Остани поврзан