• среда, 21 август 2024

Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул како слободен агент во 2025 година

Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул како слободен агент во 2025 година

Ливерпул, 20 август 2024 (МИА) - Мохамед Салах најверојатно ќе се раздели со Ливерпул на крајот на сезоната, објави денеска „Ливерпул ехо“.

Изданието забележува дека 32-годишниот напаѓач следното лето ќе го напушти англискиот тим како слободен играч.

Можно е 19-кратниот шампион на Англија да се обиде да го ангажира Ентони Гордон од Њукасл.

Во 350 натпревари за „црвените“, египетскиот репрезентативец постигна 212 гола и направи 88 асистенции од неговиот трансфер од Рома во летото 2017 година.

Мохамед Салах е поранешен играч на Челси, Базел и Фиорентина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан