• среда, 25 декември 2024

Сакаме да придонесеме за отстранување на сите пречки на патот на Северна Македонија кон ЕУ, порача Каталин Новак

Сакаме да придонесеме за отстранување на сите пречки на патот на Северна Македонија кон ЕУ, порача Каталин Новак

Скопје, 6 фервураи 2023 (МИА) - Сакаме да придонесеме за отстранување на сите пречки на патот на Северна Македонија кон ЕУ, изјави денеска во Скопје унгарската претседателка Каталин Новак на заедничката прес - конференција со нејзиниот домаќин претседателот Стево Пендаровски.

Таа потврди дека за време на неодамнешната посета на Бугарија на средбата со колегата Румен Радев разговарале и за спорот на релаиција Софија - Скопје, со цел како што вели да се запознае со ставовите на двете страни.

-Исто така, во однос на посетата на Бугарија со таа посета имав, меѓу останатото, и цел да се запознаам со двете страни и нивните размислувања и нивите интереси и сакаме долгорочно да придонесеме кон тоа да ги отстраниме сите пречки во натамошниот процес на интеграциите во ЕУ. Како што бевме еден од најголемите поддржувачи на Македонија на патот за зачленување во НАТО и сега веќе Македонија е членка на НАТО, се надеваме дека наскоро можеме да ја поздравиме Северна Македонија и во ЕУ. Ние ќе се обидеме доколку имаме каква било можност да придонесуваме на тоа, овие меѓусебни несогласување што побрзо да се расчистат, рече Новак на новинарско прашање дали со Радев разговарале за односите на Софија и Скопје. вг/аа/

 

Остани поврзан