• вторник, 24 декември 2024

Саид: „Александар Урдаревски“ се реконструира со целосно финансирање од Град Скопје

Саид: „Александар Урдаревски“ се реконструира со целосно финансирање од Град Скопје

Скопје, 20 март 2023

Навистина е тажно кога фрустрацијата на еден човек мора да се компензира со лаги и китење со туѓи перја.

Таков е случајот, за жал, со градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој повторно лаже дека прави некаков проект, иако во последната година сите поголеми градежни зафати без исклучок во општина Бутел се проекти на градот Скопје.

Таков е и случајот со ул.Александар Урдаревски улица во надлежност на град Скопје, која по децениско барање на жителите, започнува да ја реконструира нашето Јавно претпријатие Улици и патишта, со целосно финансирање од страна на Град Скопје.

Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9600 м2 и должина од 1270 метри, со изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот, се предвидува подигнување ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.

Дарко Костовски за истата ни финансиски ниту на било каков друг начин не придонел, затоа некултурно е да промовира проекти на ЈП Улици и патишта, кои неговите сопартијци советници на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје континуирано ги блокираат.

Саид Саид, в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“

______________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: Веб-страница/ Принтскрин

Остани поврзан