• понеделник, 23 декември 2024

САД ја рестартираат хуманитарната помош за Палестинците во висина од 235 милиони долари

САД ја рестартираат хуманитарната помош за Палестинците во висина од 235 милиони долари

Вашингтон, 7 април 2021 (МИА) - САД планираат обнова на американската хуманитарна помош за Палестинците, запрена за време на претседателот Доналд Трамп во 2018 година. 

Како што изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен, рестартираната помош треба најпрвин да биде одобрена од Конгресот. Таа вклучува 75 милиони долари економска и хуманитарна помош за Западниот Брег и Појасот Газа, 10 милиони за мировните програми на американската УСАИД и 150 милиони хуманитарна помош за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци и организација на работи (УНРВА), која работи и во други земји на Блискиот Исток .  

-Ја враќаме и помошта за програмите за витална безбедност. Целата помош е согласно законите на САД. Економската помош вклучува поддршка за обнова на малите и средните бизниси од последиците на Ковид-19, поддршка за настраданите домаќинства за достап до основни потреби како храна и чиста вода, како и помош за палестинското граѓанско општество, изјави Блинкен. 

Дел од помошта е и за болниците во Источен Ерусалим, каде се лечи голем дел од палестинското население, како и 15 милиони долари помош за одговор на пандемијата и за произведувачите на храна, што беше најавена во март. 

УНРВ, меѓудругото, работи на образовни потреби на половина милион палестински деца и „САД се целосно посветени на одговорно, транспаретно и независно партнерство со агенцијата“, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.  

Администрацијата на Трамп во 2018 година скрати околу 200 милиони долари помош за Палестинците со што ги влоши односите со палестинските лидери. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан