САД ја прогласија Ослобидителната армија на Балуџистан за терористичка организација
- Соединетите Американски Држави ја означија пакистанската сепаратистичка Ослободителна армија на Белуџистан (БЛА) за странска терористичка организација, соопшти Стејт департментот.
Вашингтон, 12 август 2025 (МИА) - Соединетите Американски Држави ја означија пакистанската сепаратистичка Ослободителна армија на Белуџистан (БЛА) за странска терористичка организација, соопшти Стејт департментот.
БЛА е најмоќната од голем број бунтовнички групи кои долго време дејствуваат во регионот што се граничи со Авганистан и Иран, кој е богат со минерали и дом на кинески инвестиции во пристаништето Гвадар и други проекти.
БЛА неодамна ја презеде одговорноста за киднапирањето на пакистанскиот воз Џафар Експрес од Квета до Пешавар во март, при што загинаа 31 цивил и безбедносни сили и беа земени повеќе од 300 патници како заложници, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштението.
Со означувањето на БЛА како странска терористичка организација, САД воведуваат ограничувања за финансиска помош и друга поддршка за групата. мс/
фото: МИА архива