• сабота, 21 декември 2024

САД ја потврдуваат посветеноста во заштита на човековите права

САД ја потврдуваат посветеноста во заштита на човековите права
Вашингтон, 9 ноември 2020 (МИА) - Државниот секретар Мајк Помпео во денешното соопштение укажа на посветеноста на САД за заштита на човековите права, а по повод објавата на Универзалниот периодичен преглед на земјата. -САД биле и остануваат лидери во областа на транспарентното управување за заштита на човековите права, истакна Помпео. Додаде дека посветеноста на САД кон процесите на Универзалниот периодичен преглед (УПР) на ОН е непроменета, со што се истакнува историската улога на САД како глобален лидер во заштитата на човековите права.. -Бидејќи во нашата земја власта е заснована по воља на народот, почитувањето на човековите права е интегрален дел од нашиот националне идентит, заклучува Помпео. кб/ссм/

Остани поврзан