• сабота, 23 ноември 2024

САД ја обвинија Венецуела за изборна манипулација во врска со победата на Мадуро

САД ја обвинија Венецуела за изборна манипулација во врска со победата на Мадуро

Вашингтон, 30 јули 2024 (МИА) - Владата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Венецуела за изборна манипулација и репресија и рече дека тврдењето на Каракас дека претседателот Николас Мадуро добил трет мандат е лишено од „секаков кредибилитет“.

Претставниците на администрацијата на Бајден, кои разговараа со новинарите во врска со гласањето под услов да останат анонимни, не најавија нови казнени мерки, но ја оставија вратата отворена за дополнителни санкции, нагласувајќи дека нивната политика на санкции ќе ја прилагодат на активностите преземени од владата на Мадуро.

„Со ангажирање во репресија и изборна манипулација и со прогласување победник без детални резултати од гласањето по изборни единици, претставниците на Мадуро го лишија од секаква веродостојност на наводните резултати од гласањето што ги објавија“, изјави висок функционер од администрацијата на претседателот за новинарите од САД. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан