• вторник, 26 ноември 2024

САД утре ќе воведат нови санкции кон Русија

САД утре ќе воведат нови санкции кон Русија
Вашингтон, 5 април 2022 (МИА) - Соединетите Американски Држави утре ќе објават дека ќе воведат нови санкции кон Русија во координација со земјите членки на Г7 и Европската унија, изјави денеска претставник на американската администрација. Тој рече дека „сеопфатниот пакет санкции ќе предизвика значителни трошоци за Русија и ќе ја испрати во економска, финансиска и технолошка изолација“, пренесува Си-Ен-Ен. Новиот пакет мерки ќе ги забрани сите нови инвестиции во Русија, ќе се заострат постојните санкции против финансиските институции и државните компании во Русија, а ќе бидат санкционирани и претставниците на руската влада и членовите на нивните семејства. „Овие мерки ќе ги деградираат клучните инструменти на руската државна моќ, ќе и нанесат акутна и моментална економска штета на Русија и ќе ја повикаат на одговорност руската клептократија која ја финансира и поддржува војната на Путин“, рече американскиот претставник. паг/  

Остани поврзан