• понеделник, 23 декември 2024

САД сметаат дека Палестинците треба својата државност да ја бараат преку директни преговори, а не преку ОН

САД сметаат дека Палестинците треба својата државност да ја бараат преку директни преговори, а не преку ОН

Вашингтон, 4 април 2024 (МИА) - САД најавија дека формирањето на независна палестинска држава треба да се бара преку директни преговори меѓу страните, а не преку Обединетите нации.

Палестинските власти вчера побараа повторно разгледување на барањето за полноправно членство во Обединетите нации од 2011 година. Палестина беше де факто признаена како суверена држава откако Обединетите нации во 2012 година и дадоа статус на земја-набљудувач нечленка.

Позицијата на САД, најважниот сојузник на Израел, ја одразува позицијата на Израел по ова прашање.

„Воспоставувањето независна палестинска држава треба да се постигне преку директни преговори меѓу двете страни“

Барањето за полноправно членство во ОН мора да биде одобрено од Советот за безбедност на ОН, каде што САД можат да стават вето, а потоа од најмалку две третини од Генералното собрание од 193 члена.

Запрашан дали САД ќе го искористат своето вето во Советот за безбедност за да ја блокираат палестинската кандидатура, портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека нема да шпекулира за „што може да се случи подоцна“.

Тој додаде дека формирањето на независна палестинска држава, со безбедносни гаранции за Израел, треба да се постигне преку директни преговори меѓу двете страни. 

-Тоа е нешто кон што тежнееме во овој момент, а не преку Обединетите нации, нагласи Милер. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан