• среда, 27 ноември 2024

САД се подготвени да разговараат за размена на затвореници со Русија 

САД се подготвени да разговараат за размена на затвореници со Русија 

Вашингтон, 5 август 2022 (МИА) САД соопштија дека се подготвени да разговараат за размена на затвореници, кратко после пресудитана руски суд од девет години затвор за кошаркарската ѕвезда Бритни Грајнер, за наводен превоз на дрога.

Грajнер, двократна олимписка добитничка на златен медал и ѕвезда на женската Национална кошаркарска асоцијација (ВНБА), беше втурната во геополитички вртлог откако Русија изврши инвазија на Украина при крајот на февруари.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден претходно се договориле за дипломатски канал што треба да се користи за да се разговара за потенцијална размена на затвореници.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен синоќа рече дека Вашингтон е подготвен да се ангажира со Москва преку воспоставените дипломатски канали.

Казната на Грајнер - која претседателот Бајден ја нарече „неприфатлива“ - може да го отвори патот за размена на затвореници што ќе ги вклучи 31-годишниата спортистка и Виктор Бут, поранешен руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД.

САД веќе дадоа, како што го нарече Блинкен „суштинска понуда“ за да се обезбеди ослободување на Американците притворени во Русија, вклучително и Грајнер и поранешниот маринец Пол Вилан.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, по изрекувањето на пресудата на Гринер синоќа изјави дека САД и дале на Русија сериозен предлог. Ги повикуваме да го прифатат.

Кирби не даде дополнителни детали за понудата на САД. кб/

  

Остани поврзан