• понеделник, 23 декември 2024

САД се повлекуваат од меѓународниот договор „Отворено небо“

САД се повлекуваат од меѓународниот договор „Отворено небо“
Мајами, 21 мај 2020 (МИА) - САД ги известија другите влади-партнери за повлекување од меѓународниот договор наречен „Отворено небо“ (Open Skies Teraty), со кој се овозможуваат извидувачки летови на невооружени авиони над територијата на земјите потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти. САД соопштија дека сакаат да се повлечат од договорот затоа што Русија го крши, како и затоа што снимките направени за време на тие летови можат да се добијат побрзо и поевтино од американските или комерцијалните сателити. Одлуката на Вашингтон се очекува дополнително да ги заостри односите со Москва и да предизвика незадоволство кај европските сојузници кои имаат корист од снимките што ги споделуваат САД според договорот. Во јули 1955 година, американскиот претседател Двајт Ајзенхауер беше првиот што предложи САД и тогашниот Советски Сојуз меѓусебно да дозволат извидувачки летови над нивните територии. Москва најпрво ја отфрли идејата, која ја оживеа претседателот Џорџ В. Буш во мај 1989 година, и договорот стапи во сила во 2002 година и досега беше потпишан од 34 земји, но истиот не е ратификуван од една - Киргистан. Русија соопшти дека повлекувањето на САД е „удар“ за безбедноста на Европа. Повеќе од 1.500 летови беа извршени според договорот, чија цел е да се зголеми транспарентноста на воените активности и да помогне во надгледувањето на спроведувањето на договорите за контрола на оружјето. Русија не дозволува такви летови  над делови од државата. зш/

Остани поврзан