• сабота, 09 ноември 2024

САД: Санкции за сите кои воено ја поддржуваат руската агресија

САД: Санкции за сите кои воено ја поддржуваат руската агресија
Вашингтон, 14 октомври 2022 (МИА) - Соединетите Американски Држави можат да воведат санкции против поединци, компании и против држави што испорачуваат муниција за Русија или ја поддржуваат руската воена индустрија, соопшти американското Министерство за финансии. За време на состанокот со претставници на 32 држави, посветен на санкциите против Русија, заменик министерот за финансии Воли Адејемо изјави дека Министерството ќе издаде упатство со што ќе се стави до знаење дека Вашингтон е подготвен и одлучен да воведе такви мерки. - Канцеларијата на Министерството за контрола на странски средства ќе издаде упатство со што ќе се стави до знаење дека можеме и ќе ги санкционираме поединците, компаниите или државите што обезбедуваат муниција за Русија или ја поддржуваат руската воена индустрија, наведе Адејемо. Од Министерството, исто така, како што додаде Адејемо, ќе биде издадено и предупредување со што ќе се нагласи дејствувањето на САД против руската воена индустрија, како и ризиците за оние кои пружат поддршка за руската инвазија на Украина. - Можеме да го прошириме списокот со лица кои се под санкции. Можеме да ја прошириме листата со добра што ќе бидат под забрана за извоз, подвлече тој. бд/ссм/

Остани поврзан